BEL PIATTO – Вкуси нешто поинакво, повелете на гурмански залак!

ЗАПОЗНАЈ ГО БЕЛ ПИАТТО

Добредојдовте на www.belpiatto.mk. Вашата дестинација за готвено совршенство! Кај нас храната не е само храна. Таа е уметност, инспирација и незаборавно искуство. Нашата мисија е да ви го понудиме најдоброто од италијанската и македонската кујна, презентирано со внимание кон деталите и страст кон квалитетот. Во BelPiatto веруваме дека секое јадење треба да биде празник за сетилата. Без разлика дали барате автентични италијански специјалитети или модерни интерпретации на класични рецепти, нашето мени е создадено за да ги задоволи и најпрефинетите вкусови. Од свежо подготвена паста до нај различни десерти. Секое јадење на нашето мени е направено со љубов и внимание за да ви понуди вистинско кулинарско уживањеВо БЕЛ ПИАТТО можете да најдете Паста, Рижото, Готвени Jадења, Поховано, Чорби, Салати, Врапови, Сендвичи, Компири, Палачинки, Десерти, Пијалоци. БЕЛ ПИАТТО е создаден за уживателите на вкусна храна, италијански специјалитети и традиционални македонски вкусови. Повелете на гурмански залак во БЕЛ ПИАТТО. Уживајте со семејството, пријателите и колегите во нашето разновидно мени и елегантно спакувани вкусови. Buon appetito.